5те физички најдобро подготвени фудбалери во светот

Физичката подготвеност е една од најважните работи во модерниот фудбал, а кога постои комбинација од физичка подготвеност и балансирани вештини, секогаш се работи за несопирлив фудбалер. 
Лесно можеме да се сетиме на оние кои пред се се атлети, а потоа фудбалери. Но, да се осврнеме на оние фудбалери кои поседуваат сила, брзина, издржливост и техника во идеални мери и да заклучиме како тоа ги сместува во светската фудбалска елита. 
Методологија
Секој спорт бара различен вид на физичка подготвеност. Фудбалот е таква дисциплина која од спортистите бара врвни перформанси на неколку различни полиња, за да тие можат да го достигнат врвот. 
Влијанието на физичката подготвеност како фактор ги натера денешните фудбалери да станат побрзи, посилни, поиздржливи, флексибилни, снаодливи…
Физичкиот товар кој фудбалерите го носат варира зависно од позицијата на која тие играат и задачите што ги добиваат за време на натпреварите.
Што поточно е она што му ја дава физичката надмоќ на еден фудбалер?
Моќта во фудбалот е комбинација меѓу брзина, сила, издржливост и техника.
Без било кој од наведените елементи, фудбалерот е помалку ефективен и корисен на теренот, со што се појавува потребата од дистинкција меѓу атлет кој игра фудбал и фудбалер кој поседува идеални атлетски предиспозиции. 
Погледнете кои фудбалери се најдобрите 5 во овој поглед, и зошто…
5. Gareth Bale – тој е можеби најдобро подготвениот фудбалер во Premier лигата. Фудбалерот на Tottenham е одличен во се, од кратки спринтови, до далечина покриена по натпревар. Не е изненадување фактот што кога бил мал го претставувал своето училиште на натпревари во трчање на кратки, средни и долги патеки. Сето ова било, се разбира, пред да стане професионален фудбалер. 

 
* Брзина – 9/10
* Сила – 9/10
* Издржливост – 9/10
* Техника – 8/10
* Вкупно – 35/40
 
 
4. Wayne Rooney – повторно еден од најкомплетните фудбалери на планетата. Тој може да игра во секаква улога на теренот. Неговиот тренер, Sir Alex Ferguson често знае да го постави на крилните позиции, зад напаѓачите, во улога на главен напаѓач или во средината на теренот. Неговата извонредно добра физичка подготвеност претставува темел на неговата фантастична игра. 

 
* Брзина – 8/10
* Сила – 9/10
* Издржливост – 9/10
* Техника – 9/10
* Вкупно – 35/40
 
 
 
 
3. Yaya Toure – тој е навистина несопирлив. Се работи за огромен фудбалер, а неговата сила и издржливост го прават еден од најдобрите фудбалери на Manchester City. Станува збор за еден од најефективните фудбалери во светскиот фудбал. Тој е толку силен, што кога ќе тргне во налет, практично е невозможно да биде сопрен, и често гледаме како противниците буквално се одбиваат од него и паѓаат додека тој минува со топката. 

 
* Брзина – 8/10
* Сила – 10/10
* Издржливост – 9/10
* Техника – 8/10
* Вкупно – 35/40
 
 
 
2. Lionel Messi – можеби е низок, но Messi може да се носи со секаков противник. Кога се прашувате за тоа кој е најдобар фудбалер во оваа смила, морате да се запрашате – има ли фудбалер што понапорно работи на теренот од Messi? Тој е најдобриот фудбалер на планетата во моментов, можеби и на сите времиња, најмногу поради тоа што тој толку работи на себе. Поседува неверојатна брзина, извонредно е издржлив, понекогаш е дури и невозможно да го бутнете на земја за да му ја одземете топката. 

 
* Брзина – 10/10
* Сила – 7/10
* Издржливост – 9/10
* Техника – 10/10
* Вкупно – 36/40
 
 
 
1. Cristiano Ronaldo – можеби е зад Messi на многу полиња, но кога станува збор за аспектот на физичка подготвеност не постои подобар фудбалер на планетата од Ronaldo. Тој е можеби човекот кој најнапорно работи на тоа да остане 100% физички подготвен за секој натпревар, бидејќи неговата игра и тоа како зависи од тоа. Отсекогаш бил подготвен да истрча повеќе, да тренира повеќе од своите соиграчи… Пред неколку сезони излегоа гласини дека на секој тренинг Ronaldo тренирал двојно повеќе од сите свои соиграчи. Многумина тогаш се запрашуваа дали Португалецот ќе го издржи тоа темпо. Сега за сега му оди одлично. Нема никаков сомнеж дека Cristiano Ronaldo, како вистински пример за спортист, би можел да се снајде во секаков спорт. 

 
* Брзина – 10
* Сила – 9
* Издржливост – 9
* Техника – 10
* Вкупно – 38/40
 
 
 
За оние кои до сега не налетале на ова видео, погледнете како изгледа кога ќе ги тестирате физичките граници на Cristiano Ronaldo. Чисто колку да видите колку, всушност, е тој добро подготвен. 

 
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии: 
 
Меси и Роналдо се од друга планета
 
5 легендарни голови во фудбалот
 
Додавањата како виното, се' подобри со годините
 

Пронајдете не на следниве мрежи: