Најбрзиот интернет на светот оваа недела во Salt Lake City

Оваа недела во Salt Palace Convention Center во Salt Lake City ќе биде поставена најбрзата интернет конекција на планетата. 

По повод одржувањето на Super Computing Conference во Utah, неколку волонтери од најдобрите универзитети во светот ќе постават интернет со брзина од 800Gbps. За изградбата на оваа супер-конекција, Super Computing се здружиле со образовниот центар на Utah, како и со универзитетот Utah за да добијат пристап до огромни должини на оптички кабли од околината на Salt Palace.

На оваа конференција ќе може да се вршат разни истражувања каде ќе се тестираат конекции побрзи од 100Gbps, како и новата OpenFlow технологија.

На крајот на ова случување, SCinet ќе мора да ја разгради оваа конекција. Тоа сигурно ќе биде тешко за поднесување од луѓето кои ќе присуствуваат на конференцијата и ќе се навикнат на ваквата брзина. Но добро, наскоро во Salt Lake City почнува сезоната на скијање. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Google Chome е за 26% побрз оваа година

Google објави верзија за пребарување за Windows 8

Galaxy S3 стана крал на smartphone-ите

Пронајдете не на следниве мрежи: