Бундес Лига: Голови и возбудливи натпревари во Германија

Интересни средби имаше денес на програмата од Германската Бундес лига каде беа постигнати и повеќе од солидна бројка на голови, интересни и возбудливи натпревари во секој поглед.

Хановер игра одлично, тоа и го потврди на натпреварот со Штутгарт на гостински терен каде победи со високи 2-4.

Гентнер во 21-вата минута даде гол и го доведе својот тим во водство од 1-0. Во 37-мата минута Ибишевиќ од пенал погоди за 2-0 и тоа беше резултат при првите 45 минути.

Во вториот дел од натпреварот Хановер беше неверојатен.

Собиех во 57-мата минута намали на 2-1, а на 2-2 веќе израмни Шлаудраф од пенал во 65-тата минута од мечот. Само три минути потоа веќе комплетен пресврт се случи на „Мерцедес Бенз Арената“ каде натпреварот го следеа 50 000 гледачи, голот за 2-3 го постигна Абделауе. Конечните 2-4 ги постави повторно Абделауе во 73-тата минута стрелајќи од пенал.

Волфсбург на домашен терен победи со 3-1 на натпреварот со екипата на Баер од Леверкузен.

Диего одигра одлично, уште во 4-тата минута од мечот постигна гол за водство од 1-0, потоа истиот играч зголеми на 2-0 во 16-тата минута од мечот. Бост во 33-тата минута стрелаше и за 3-0 за водство на домаќинот. Во вториот дел Кислинг во 90-тата минута само го ублажи поразот на својот тим.

Голеада и во Фурт на „Троли Арената“ каде мечот го следеа 18 000 љубители на фудбалот.

Нехриг погоди од пенал во 10-тата минута од мечот и го доведе домаќинот во водство од 1-0. Венди израмни на 1-1 во 22-рата минута. Приб на две минути пред крајот на првиот дел го доведе повторно во водство својот тим.

Во вториот дел од натпреварот неверојатна игра на гостинот Борусија Менхедбладбах. Штранцл најнапред стрелаше за 2-2, потоа Херман направи пресврт во 57-мата минута и го доведе својот тим во водство од 2-3 а конечните 2-4 ги постави Маркс од пенал во 90-тата минута од мечот.

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Видео: Инциденти на мечот Вардар-Металург

 

 

 

 

Видео: Привак „ХЕРОЈ“ за Вардар, „Комити“ влегоа на терен!!!

 

 

 

 

 

Времеплов: И големата ЦСКА Москва падна на колена пред Вардар… (ВИДЕО)

Пронајдете не на следниве мрежи: