Серија „А“: Фиорентина ја потврди битката за топ 4 во Италијанската Серија „А“ лига

Екипата на Фиорентина ја потврди улогата на незгоден противник на посилните тимови во Италија, совладана екипата на Милан со високи 1-3 и тоа на гостински терен.

Аквилани во 10-тата минута од мечот го доведе својот тим во водство од 0-1 на гостувањето кај екипата на Милан. На 0-2 веќе зголеми Борха Валеро и тоа беше резултатот при првите 45 минути од мечот.

Во вториот дел од натпреварот Пацини во 60-тата минута намали на 1-2 и на некој начин навести неизвесност во завршницата од мечот.

Сепак, Ел Хамдауи во 87-мата минута од мечот зголеми и на 1-3 и и донесе голема победа на екипата на Фиорентина која со оваа победа само го потврди квалитетот во своите редови.

Резултати…

Палермо-Сампдорија 2-0

Киево-Удинезе 2-2

Џенова-Наполи 2-4

Лацио-Рома 3-2

Милан-Фиорентина 1-3

Парма-Сиена 0-0

Торино-Болоња 1-0

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Видео: Инциденти на мечот Вардар-Металург

 

 

 

 

Видео: Привак „ХЕРОЈ“ за Вардар, „Комити“ влегоа на терен!!!

 

 

 

 

 

Времеплов: И големата ЦСКА Москва падна на колена пред Вардар… (ВИДЕО)

Пронајдете не на следниве мрежи: