Аталанта „МАШКИ“ против Интер

Со натпреварот Аталанта-Интер се комплетираше 12-тото коло од Италијанската Серија „А“ лига, Аталанта го доби дуелот со екипата на Интер со резултат 3-2 во мошне возбудлив натпревар.

Бонавентура уште во 9-тата минута од мечот го отвори резултатот стрелајќи за својот тим и носејќи му водство од 1-0 против Интер. Тоа беше резултатот при првите 45 минути од натпреварот.

Во вториот дел настана неверојатна голеада, беа постигнати дури четири погодоци.

Најпрво Гуарин во 56-тата минута израмни на 1-1 и ги врати надежите на Интер за победа на овој натпревар.

Но, тука настапи шоуто на екипата на Аталанта која само четири минути по израмнувачкиот погодок на Интер повторно ја врати предноста преку Денис.

Седум минути подоцна истиот фудбалер од пенал веќе зголеми на 3-1, а конечните 3-2 ги постави Паласио кој само го ублажи поразот на екипата на Интер.

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Видео: Вах „ПРЕЖИВЕА“, Кличко победата му ја посвети на покојниот тренер

 

 

 

 

 

Видео: Кристиано Роналдо и се пушташе на девојка од АУДИ

 

 

 

 

Видео: Инциденти на мечот Вардар-Металург

Пронајдете не на следниве мрежи: