Примера Дивизија: Фаворитите успешни

Се комплетираше 11-тото коло од Шпанската Примера Дивизија или популарната „Ла Лига“ каде фаворитите не дозволија изненадување, Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Мадрид сеуште се на врвот од табелата, водечка е екипата на Барселона.

Барселона славеше на гостувањето кај екипата на Мајорка со 2-4. Чави во 28-мата минута го отвори резултатот и му донесе водство на својот тим од 0-1. Меси во 44-тата минута зголеми на 0-2, а само минута потоа Тело со својот гол зголеми и на високи 0-3.

Во вториот дел малку фалеше да се случи изненадување, тимот на Мајорка тргна офанзивно и со головите на Переира во 55-тата минута, и на Виктор од пенал три минути подоцна веќе намали на 2-3. Но, кој друг ако не Меси, токму аргентинецот настапи на сцена тогаш кога е најпотребно и со голот во 70-тата минута зголеми на 2-4 и ги урна сите надежи на домаќините за евентуално изненадување на натпреварот. Барса е на чело во Шпанија со освоени 31 бод.

Атлетико Мадрид со головите на Адриан во 24-тата и Туран во 43-тата минута славеше со 2-0 против Гетафе на домашен терен, тимот на Атлетико Мадрид се наоѓа на второто место во Шпанската Лига со освоени 28 бодови.

Реал Мадрид славеше на гостински терен со 1-2 против Леванте. Кристиано Роналдо во 21-вата минута го постигна поведоносниот гол и му донесе предност на својот тим од 0-1. Во вториот дел Анхел израмни на 1-1 во 62-рата минута од мечот. Конечните 1-2 ги постави Алваро Мората во 84-тата минута.

Резултати…

Ваљадолид-Валенсија 1-1

Атлетик Билбао-Севиља 2-1

Мајорка-Барселона 2-4

Атлетико Мадрид-Гетафе 2-0

Леванте-Реал Мадрид 1-2

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Видео: Вах „ПРЕЖИВЕА“, Кличко победата му ја посвети на покојниот тренер

 

 

 

 

 

Видео: Кристиано Роналдо и се пушташе на девојка од АУДИ

 

 

 

 

Видео: Инциденти на мечот Вардар-Металург

Пронајдете не на следниве мрежи: