Неофицијално: Галатасарај „ја купил“ победата во Клуж?!

Според неофицијалните информации кои кружат низ Романските медиуми се вели дека тимот на Галатасарај за 320.000 евра ја купил победата од натпреварот против Клуж во рамките од четвртото коло во Лигата на Шампионите.

Невиден скандал го тресе европскиот фудбал, а на потег е УЕФА да покрене истрага за овој скандал, доколку се докаже точност во информацијата познато е дека ќе има големи казни за овој невиден скандал, но, се до тогаш ќе останеме само на неофицијална информација.

Имено, анонимен информатор со псевдоним Михаи со детали им го објаснил ова на романски сајт во кој се вели дека сумата му била исплатена на капитенот на тимот, португалскиот интернационалец Рикардо Каду.

Каду дал изјава во која демантира за ваквите случувања и најави тужба против оние кои ја објавиле оваа, според него „фантазија“ од вест.

 

Извор: vecer.com.mk

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Видео: Вах „ПРЕЖИВЕА“, Кличко победата му ја посвети на покојниот тренер

 

 

 

 

 

Видео: Кристиано Роналдо и се пушташе на девојка од АУДИ

 

 

 

 

Видео: Инциденти на мечот Вардар-Металург

Пронајдете не на следниве мрежи: