Цеца повторно на суд

Loading...

Цеца овој пат ја тужи Воислав Ѓурковиќ кој ја обвинува пејачката за долг од 116,000 евра, а пејачката го оспорува долгот тврдејќи дека парите ги позајмил сега веќе нејзиниот покоен сопруг.

 

Пејачката Светлана Ражнатовиќ го оспорува долгот кон Ѓурковиќ тврдејќи дека парите ги позајмил нејзиниот, сега покоен, сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан, а оштетениот тврди дека Аркан ги земал парите за потребите на својата сопруга и тоа во нејзино присуство.

Судот во јули ги одбил адвокатите на Ѓурковиќ, кои барале да се стави привремена мерка за забрана за продажба на делот од куќата која се наоѓа на улица Љутице Богдана, а е во сопственост на пејачката, затоа што истата е веќе под хипотека поради долгот кон државата.

Спорната куќа е под хипотека која е запишана како гаранција дека Ражнатовиќ на државата ќе и доплати уште 500.000 евра, од милион и половина, колку што со пресуда и изнесува паричната казна поради противправно присвојување на пари од продажба на фудбалерот на клубот „Обилиќ“, на чие чело се наоѓала.

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Фотографии од Цеца и Влада ја полудеа Беквалац

 

Цеца подготвува спектакл на Ушче 

 

Цеца се откажа од најголемиот порок

 

loading...
Loading...