Aston Martin бара нови сопственици

Loading...

Кувајтската компанија Investment Dar, која е мнозински сопственик во Aston Martin со 64% од акциите, бара заинтересирани компании кои би го откупиле нејзиниот дел. Советник во изборот на новиот купувач и во самата продажба ќе им биде Rothschild групата.

Кружат гласини дека потенцијален купувач веќе постои, но деталите се истиот се држат во тајност. Според извештаите на Business Week, најзаинтересирана е компанијата Mahindra & Mahindra од Индија.

Втор кандидат е Toyota од Јапонија. Toyota уште пред 2 месеци одреди тим од ревизори кои би процениле каква е состојбата во Aston Martin. Овие две компании соработуваат долго време. Еден од плодовите на таа соработка е Aston Martin Cygnet. 

Доколку има некој заинтересиран, цената определена од Investment Dar е 629.000.000 евра. Според кувајтската компанија, тоа би била цената доволна да се покријат сите инвестиции од 2007 година, кога Investment Dar го купи Aston Martin од Ford.

Продажбата на Aston Martin е дел од обидот на Investment Dar да се реорганизира и да го намали својот долг, кој во моментов изнесува 3.8 милијарди долари. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Aston Martin DB5 од 1964 продаден за 383,000 евра?

Ferrari руши рекорди!

Toyota како Lamborgini Murcielago 

loading...
Loading...