65-годишен крадец е уапсен во Врапчиште, „оперирал“ во џамија

Вчеравечер во гостиварското село Врапчиште бил уапсен 65-годишен човек од тетовското село Боговиње, кој е осомничен дека крадел во џамијата во селото, соопшти МВР.

„На 17.03.2026 во 21:55 часот во село Боговиње, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода З.М.(65) од с.Боговиње поради сомнение дека на 14.03.2026 извршил кражба во џамија во с.Врапчиште, Гостиварско. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Пронајдете не на следниве мрежи: