5 бесплатни места во Лондон

Loading...

Лондон важи за еден од најскапите градови во Европа. Сепак, доколку имате можност да го посетите постојат и одлични бесплатни места кои вредат да се посетат и навистина би биле одлично искуство за оние кои се при крај со парите…

 

1. National Maritime museum – еден од омилените музеи на локалното население.  Во него има навистина интересни занимливости за најмладите па затоа е и најчесто посетен од фамилии. Во близина се наоѓаат и Royal observatory и Greenwitch park кои исто така вредат да се посетат.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

2. Regent's park – овој парк има најголема зелена површина во Лондон. Овозможува безброј активности, спортски – рекреациски и можност да се излежавате по цел ден на трева. Во паркот секојдневно се одржуваат најразлични настани за сите присутни.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

3. Portobelo road market – е тесна уличка во средиштето на Нотинг Хил. Овде се тргува од далечната 1937 година. Постојат преку 2000 тезги со антиквитети, накит, слики  и разна сребрена бижутерија Ова е еден од најинтересните пазари во Лондон и секако вреди да се прошета и да си купите некоја ситница за спомен.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

4. Primorse Hill – зошто да трошите пари да го набљудувате Лондон и Лондонското око кога и од овде ви е овоможен прекрасен поглед?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

5. British Museum- овој музеј содржи збирка од преку 7 милиони артефакти и предмети од целата историја на човештвото. Од сите континенти на светот, илустрирани приказни за културата од почетокот па се до денес. Британскиот музеј е нешто што не смеете да го пропуштите ако се најдете во Лондон.

 

 

 

 

 

 

 

 

Ова се само некои од бесплатните места кои вредат да се посетат. Сигурни сме дека ако навлезете длабоко во Лондонските улички ќе пронајдете уште многу слични.

 

Погледнете ги и следните статии:

Дубаи – градот на иднината

Земјата на насмевките-Тајланд

Зошто мора да го посетите Амстердам?

loading...
Loading...