Тинејџер му донесе победа на Реал

Фудбалерите на Реал Мадрид, освоија три бода, во последниот натпревар од 11-то коло во Примера дивизија. Реал, како гостин во Валенсија, го победи Леванте со 2:1.

Херој на Реал е 20-годишниот Алваро Мората, кој победничкиот гол го постигна во 84-та минута, една минута претходно тој во тимот го замени Месут Езил.
Реал поведе со голот на Кристијано Роналдо во 21-та минута, која ја искористи грешката на домашната одбрана. Португалецот во полувремето беше заменет, порад повредената аркада, а Леванте израмни во 63-та минута преку Анхел Родригез.
Чаби Алонсо не успеа да реализира пенал во 72-та минута, но на шест минути до крајот му асистираше на Мората за победничкиот гол.
Реал со оваа победа остана на третото место на табелата со осум бодови помалку од лидерот Барселона.
Резултати, 11. коло:
Ваљадолид-Валенсија 1:1
Атлетик Билбао-Севиља 2:1
Мајорка-Барселона 2:4
Атлетико Мадрид-Хетафе 2:0
Леванте-Реал Мадрид 1:2
Бетис-Гранада 1:2
Рајо Ваљекано-Селта 3:2
Еспањол-Осасуна 0:3
Сарагоса-Ла Коруња 5:3

Малага-Реал Сосиедад 1:2
Табела: Барселона 31, Атлетико 28, Реал 23, Бетис 19, Малага 17…

Пронајдете не на следниве мрежи: