Најлошите судиски одлуки во Premier лигата оваа сезона

Loading...

Premier лигата постојано се самопрогласува за најдобра во светот.

Медијските партнери како Sky Sports не пропуштаат да го споменат тоа, а поранешните фудбалери кои станале известувачи за овие телевизии го вметнуваат истото во секоја реченица што ја кажуваат на камера. 

Не знам дали може да се одреди најдобрата фудбалска лига во светот. Можеби е тешко да се одреди поквалитетната меѓу Premier лигата и La Liga, а и италијанската Serie A е во издигнување како што стојат работите. Во Германија има барем 2 одлични екипи кои се забележливи во Лигата на Шампионите оваа сезона. 

Ако Англичаните сакаат да се пофалат со најдобрата фудбалска лига во светот, мораат да поработат на квалитетот на судиите. Стандардот на водење на натпреварите во Англија оваа сезона е премногу низок. Не се работи само за главните судии, нивните помошници се веднаш покрај нив. 

Еве неколку ситуации кои судиите пропуштија да ги санкционираат правилно оваа сезона, а можеби на крајот на сезоната истите ќе се испостават како одлучувачки во судбината на некои фудбалски клубови. 

 

5. Stoke City – Manchester City

Судија – Mark Clattenburg

Ова е навистина смешно. Crouch ја допре топката со рака 3 пати, од тоа произлезе гол за Stoke City, а судиите пропуштија да видат. Mark Clattenburg имаше катастрофален ден, пропушти да санкционира и удар со лакт од Andy Wilkinson на Mario Balotelli.

 

4. Liverpool – Manchester United

Судија: Mark Halsey

Ова е можеби севкупно најлошата арбитража на судиите во Англија оваа сезона. Од самиот старт на натпреварот, Halsey ја загуби контролата. Освен еден инцидент кој успеа да го санкционира, тој направи грешки во сите важни одлуки. Daniel Agger беше срушен во шеснаесетникот на United, имаше чиста пенал ситуација која Halsey не ја виде. Shelvey премногу остро го нападна Rafael, немаше картон. Shelvey доби црвен картон за дуел со Evans, во кој фудбалерот на United влезе со далеку помало внимание. Единствена добра одлука од негова страна на овој меч беше досудениот пенал за Manchester United. Имаше доволен допир со Antonio Valencia, и Ѓаволите заслужија удар од белата точка. Едноставно е, погледнете како Gary Neville вели дека Liverpool бил ограбен, а се работи за меч против клубот за кој Neville живее и дише, веројатно и тоа е доказ повеќе за страшните судиски одлуки. 

 

3. Newcastle United – Manchester United

Судија: Howard Webb

Имаше 3 големи инциденти на овој натпревар каде судиите донесоа 3 погрешни одлуки, и сите 3 беа против домаќините. Две од нив беа грешки на Webb, а една на еден од неговите помошници. Имаше гол за Newcastle кој судиите не го признаа. Судиите не беа на позиција во ситуацијата, и поради тоа Newcastle беше оштетен. Newcastle не доби пенал за фаул над Papiss Cisse во опасната зона на United. Не беше санкциониран и фаулот на Robin van Persie над Yohan Cabaye. Ваков натпревар е недозволив за судија кој се смета за еден од најдобрите во светот. 

 

2. Tottenham Hotspurs – Aston Villa

Судија: Neil Swabrick

Gareth Bale секако е еден од најдобрите глумци во целата англиска лига. Тој има вистински талент ситуациите каде тој сценира прекршоци да ги претставува како ситуации каде избегнува повреди. Bale не доби фаул за оваа ситуација, но грешката на судијата е што пропушти да го казни за ваков смешен потег. 

 

1. Проблемот со Luis Suarez – повеќе натпревари

Еве видео кое ги поддржува гласините дека судиите имаат нешто против Luis Suarez оваа сезона. Има повеќе инциденти од оние кои се покажани овде. Има и ситуации каде Suarez бил грубо фаулиран, и иако добивал слободни удари, противничките дефанзивци постојано избегнувале картони. 

Не е дека Suarez е “цвеќе за мирисање”. Често му се случува да се обиде да одглуми фаул. Многумина велат дека репутацијата на Уругваецот е заслужна за третманот што го добива од судиите, но тоа е неприфатливо оправдување. Но, поентата е дека Suarez е само пример за име околу кое е направен огромен број на грешки од страна на судиите оваа сезона. Судиите мораат да се стабилизираат, и на овој фудбалер да му го пружат истиот третман што го добиваат сите останати фудбалери во лигата. 

FA (Фудбалската Асоцијација на Англија) мора да реагира и да ги разреши судиските проблеми во својата лига. Во спротивно, секогаш ќе фали кредибилитет на тврдењето дека Англија е домаќин на најдобриот фудбал во светот. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Судиите во Премиер Лигата сакаат да го бојкотираат Челзи

 

Видео: Бура од незадоволство во Италија, Јувентус со судиска помош до победа на Сицилија

 

Судиите му ја одзедоа победата на Евертон

 

loading...
Loading...