Бомба во Белорусија, близу зграда на КГБ

Loading...

Тројца мажи се уапсени во Белорусија по детонација на експлозивна направа од рачна изработка во неделата во градот Витебск, во близина на зградата на тајната служба КГБ, се наведува во соопштениот на службата од понеделникот.

Во експлозијата на оваа пиротехничка направа од домашно производство во неделата навечер искршени се два прозорци на зградата, се истакнува во писмената изјава на белоруската агенција за разузнавање КГБ.
„Според првичните процени, импровизираната направа е картонска или пластична цевка наполнета со 50 до 70 грама пиротехничка смеса ставена во лименка со зафатнина од 0,25 до 0,33 литри без елементи за дополнителни оштетување. Направата е активирана со потпалување“, изјавил за РИА Новости претставник на белоруската тајна служба.
Тројца мажи од коишто еден „во неколку наврати се јавувал во КГБ и некоректно ги навредувал органите на власта“, уапсени се набрзо по експлозијата. Тие ќе бидат обвинети за дело „хулиганство“.
Информациите за експлозијата наиде на големо внимание во белоруските електронски медиуми, бидејќи Витебск е поврзан со сите посериозни акти на тероризам што се случија во Белорусија последниве години.
Во 2005 година, во Витебск во експлозија на импровизирана експлозивна направа беа ранети 50 луѓе. Во 2008 година, во белоруската престолнина Минск се случи слична експлозија, во којашто, исто така, беа повредени многу луѓе. Во 2011 година, во терористички напад во подземната железница во Минск загинаа 15 лица, а со повреди се здобија 200 луѓе. За овој напад на смрт се осудени жителите на Витебск, Дмитриј Коновалов и Владислав Ковалев.

Макфакс

loading...
Loading...