Јапонска компанија произведе гаќички кои ги апсорбираат мирисите

Да се олесни надуеноста а да се поштеди околината, ила целта на јапонската текстилна компанија „Seiren“ која по долги години испитување произведе и успешно ги комерцијализира гаќичките коишто ги апсорбираат мирисите.

„Ни беа потребни повеќе години да ги усовршиме удобните гаќички коишто брзо ќе може да ги отстранат интензивните мириси“, изјави Нами Јошида, портпаролка на компанијата „Seiren“, велејќи дека и самата е изненадена од успехот, пренесува AFP.
„На почетокот сметавме на продажба во болниците и во пензионерските домови, а меѓутоа почна да ги купува неочекуван голем број луѓе, особено деловните луѓе кој минуваат долго време на средби во текот на целиот ден“, додава Јошида.
Како што објаснува, тајната се состои во внесувањето на керамички честички во текстилните влакна.
Јапонската компанија „Seiren“ поради големиот успех го проширила концептот и сега нуди палета од 22 различни вакви производи, од чорапи против смрдеа на нозете до маици коишто го апсорбираат мирисот на пот од под пазувите.

Причините за ова истражувањето на компанијата не треба да претставува изненадување имајќи предвид дека Јапонците многу внимаваат телесната дискреција. Како што е познато, јапонските тоалети за таа цел овозможуваат „покривање“ на непријатните звуци, на пример, со песни на птици или звук на водопади.

Пронајдете не на следниве мрежи: