Украинците го сакаат Шевченко за селектор

Loading...

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Украина, Анатолиј Конков, му ја понудил селекторската функција на Андриј Шевченко.

Украина е без селектор од септември, кога Олег Блохин поднесе оставка и го презеде Динамо Киев. Конков е убеден дека Шевченко може да одговори на предизвикот.
Украина во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2014 година се наоѓа на претпоследното место во Х групата.
Шевченко е вистинска легенда на украинскиот фудбал, за националниот тим има одиграно 111 натпревари на кои постигнал 48 голови. Играчката кариера ја заврши во јули годинава, веднаш по завршувањето на Европското првенство.

Макфакс

погледнете ги следниве статии

Шевченко станува политичар

5 легендарни голови во фудбалот

Голем пораз на нашите млади фудбалери во Србија

loading...
Loading...