Чех: Три клубови ќе се борат за титулата

Голманот на екипата на Челзи, Петр Чех изјави дека според неговите очекувања три клубови ќе се борат да ја освојат англиската Премиер Лига.

„Сега губиме некои бодови, како што тоа го направија и екипите на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити на почетокот од сезоната“ вели Чех.

„Сепак, морам да бидам конкретен и прецизен, според она досега што го гледам, моите проценки ми велат дека три клубови би се бореле за битката за титулата, според мене, тоа би биле екипите на Челзи, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити“ изјави Чехот.

Арсен Венгер, тренерот на екипата на Арсенал вели дека токму и Арсенал ќе се вклучи во оваа борба.

„Секако дека можеме да го нападнеме секој конкурент за освојување на англиската Премиер Лига, зошто да не? “ изјави стратегот на екипата на Арсенал, французинот Арсен Венгер.

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Видео: Вах „ПРЕЖИВЕА“, Кличко победата му ја посвети на покојниот тренер

 

 

 

 

 

Видео: Кристиано Роналдо и се пушташе на девојка од АУДИ

 

 

 

 

Видео: Инциденти на мечот Вардар-Металург

Пронајдете не на следниве мрежи: