Фото: Луксузната автомобилска “ергела“ на еден од македонските бизнисмени

Претставувајќи ви ги најубавите автомобили во Скопје, ви останавме должни за уште еден убавец кој не смееше, а да не биде дел од нашето истражување.
За овој бизнисмен се вели дека е голем љубител на автомобилите, а особена слабост му се англиските. Поседува едно неверојатно ласкаво милениче што секој би посакал да го има во својата гаража.
Станува збор за македонскиот крал на билбордите Владимир Буцо Лазов и неговиот неверојатен и единствен Bentley Continental GT Speed.
Самото име на автомобилот ви кажува се’. Замислете си го најмоќниот модел со две врати – купе на Bentley, и го имате совршениот опис. Произведен и веднаш купен во 2010 година, автомобилот на господинот Лазов со право предизвикува воздишки кај сите оние кои имаат близок контакт со истиот.
Со врвна моќност од 625КС, новиот Continental GT Speed е најмоќниот модел во семејството на Бентли Континентал. Максимална брзина, како што ни посочија, изнесува преку 330 километри на час. Од 0 до 100 километри, овој убавец може да достигне за неверојатни четири секунди.
Автомобилот располага со неверојатна електронска програма за стабилност што на возачот му дава слобода да ги истражува границите на безбедноста во некои сензационално високо-брзински свиоци, но секако со голема внимателност.
За внатрешниот дизајн на автомобилот воопшто не станува збор. Неколку дизајни биле во игра додека не се одбрал оној конечниот, совршениот. 
Линиите на автомобилот се неверојатно елегантни, силни и сензуални. Почнувајќи од светлата, тркалата, прозорците и цела надворешност на автомобилот е едноставно исклучително префинета.
Горенаведеното задоволство може да го имате, ако од вашиот буџет одвоите скромни 300.000 евра.
Освен овој автомобил, господинот Лазов поседува и еден интересен Lexus LS 430, за кој неговиот шофер вели дека е стар, но добро сочуван и верен автомобил на сопственикот.
Преземено од NetPress
 

Погледнете ги следниве статии
 Погледнете како изгледа еден возен парк на скопски бизнисмен
 
 
 
 
 Автомобил вреден 1.5 милиони евра заборавен во јавна гаража
 
 
 
 Конечно се појави прекрасниот Lamborgini Aventador Roadster  

Пронајдете не на следниве мрежи: