Првични информации за BMW X4

Уште од самиот почеток на оваа година беше познато дека BMW спрема помлад брат на моделот X6.

Станува збор за X4, кросовер со спортски изглед, кој своето прво јавно претставување ќе го има во јануари идната година, на саемот во Детрот.

X4 во Мичиген нема да биде претставен во производна форма, односно како концептен модел, а се очекува на светскиот пазар да се најде во 2014 година.

Според првичните информации X4 ќе биде спортска верзија од X3 и ќе ја преземе платформата од X3.

Германската компанија планира и X4 М верзија, на која би требало да има нов 3.0 – литарски шестоцилиндричен агрегат, кој моментално го развива за М3 седан и М4 купе, како и дизел М Performance.

За неговата цена сеуште немаме информации но, претпоставуваме дека ќе биде поскап од сегашниот Х3 кој изнесува 32.000 евра.

Полициско BMW М5 со 560 КС

 

 

Audi R8 GT со 1000 КС

 

 

Bugatti ќе смести над 1.000 коњски сили во новиот модел Galibier

 

Пронајдете не на следниве мрежи: