ФК Црвена Ѕвезда без претседател

Претседателот на Фудбалскиот клуб Црвена Ѕвезда од Белград, Влада Лукиќ, поднесе оставка на функцијата.

Српската јавност, последните неколку денови шпекулираше со заминувањето на Лукиќ, откако клубот повторно западна во криза на резултати, што според истите извори е предизвикано од лошата финансиска ситуација во клубот.
Лукиќ, невообичаено, оставката ја објави на официјалната интернет страница на Црвена ѕвезда. Човекот кој на претседателската функција застана во мај 2009 година, неуспесите на клубот се причината поради која тој заминува од функцијата.
„Кога доаѓав во Црвена ѕвезда имав многу цели, амбиции и љубов за мојот клуб. Целите и амбициите не ги исполнив, останаа само чесноста и љубовта, а тоа не е доволно за местото претседател“, стои во дел на соопштението на Лукиќ објавено на клупската интернет страна.
Управниот одбор на Црвена звезда во наредните денови трена да ги распише изборите за нов претседател на Црвена ѕвезда.
Оставката на Лукиќ доаѓа непосредно пред ‘вечното дерби’ на српскиот фудбал, во кое Црвена ѕвезда ќе игра против Партизан, во пресрет на дербито ‘црвено-белите’ имаат негатива од осум бодови во однос на големиот ривал.

Макфакс

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: