5 тинејџери на радарот на најголемите фудбалски клубови

Крајот на тинејџерските години е многу важен период во животот на секој млад спортист, а за професионалните фудбачери, тоа го сигнализира “почетокот на крајот” на нивниот статус на “надежни таленти”.

На 20-годишна возраст, играчот повеќе не се смета за надежен талент. Тоа е времето кога сите очекуваат од фудбалерите некаков стандард на игра, секоја недела, секоја натпревар. Тогаш се одлучува за каква класа на фудбалер, всушност, се работи. 

Инвестирањето во младите фудбалери е попопуларно од било кога претходно. Се повеќе пари се трошат на млади фудбалери. Дури и меѓу 13 и 19 годишна возраст, има момчиња кои добиваат огромна одговорност на фудбалските терени. Одличното медиумско покритие на фудбалот денес ни дава одлична можност во секој момент да следиме кој фудбалер на чиј радар се наоѓа. 

Сите наредни фудбалери кои ќе ги видите треба допрва да го прослават својот 20-ти роденден, но веќе имаат оставено доволно добар впечаток кај најреномираните светски фудбалски клубови. 

 

5. Lucas Digne – Со оглед на тоа што имаат проблеми со левата бековска позиција, според Daily Mail, Chelsea и Manchester United наскоро ќе започнат трансфер-војна за потписот на овој млад талент. Црвените Ѓаволи ги обезбедија услугите на Alexander Buttner ова лето, но се чини дека нивната потрага по замена за Patrice Evra ќе продолжи. Chelsea, од друга страна, бара замена за Ashley Cole, во случај Англичанецот да реши да го напушти клубот ова лето, бидејќи неговиот договор истекува. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Digne се проби во првиот тим на Lille минатата сезона и ги искористи сите шанси за да си обезбеди место во првиот тим на францускиот прволигаш за овогодинешната кампања. 

Goal.com го поврза неговото име со Manchester City пред неколку месеци, како фудбалер кој треба да го замени Александар Коларов во случај српскиот репрезентативец да си замине (имаше понуди од Juventus и од Inter). 

Сеуште не се знае колкави се шансите Lille да го пушти овој фудбалер да замине во јануари, но Digne секако остава гаранција дека парите што ќе бидат потрошени на него нема да бидат залудни. 

 

4. Лазар Марковић е роден во Чачак, Србија, а последните 6 години ги мина тренирајќи со Партизан во Белград, во меѓувреме успевајќи да остави одличен впечаток. Овој фудбалер има само 18 години, но веќе има 5 настапи за српската репрезентација и станува најголема ѕвезда во тимот на Партизан. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Има 21 настап во српската суперлига минатата сезона, во кои успеа да постигне 6 погодоци, а исто така на неговото име запиша и 6 асистенции. 

Оваа сезона има 20 натпревари во сите натпреварувања, во кои веќе постигна 4 голови и извонредни 7 асистенции, што, се разбира, не мина неприметено во западноевропските клубови. 

Доколку ја одржи својата одлична форма, Metro најави дека Arsenal, Inter, Barcelona и Roma се заинтересирани за неговите услуги. 

Знае да игра во улога на напаѓач и крило, што го прави приспособлив талент, а тоа е уште една причина плус поради која тој би можел да ја напушти родната Србија во 2013 година. Се чини единственото прашање е – која е неговата наредна дестинација? 

 

3. Mateo Kovacic – тој е вториот најмлад фудбалер кој има постигнато погодок во Лигата на Шампионите. Може да се каже дека веќе им дава причина на гледачите да бидат возбудени за неговата иднина во најпопуларниот европски спорт. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ѕвездата на Dinamo Zagreb веќе е поврзуван со трансфери во некои од најдобрите европски клубови, а во последниот период се чини дека овие шпекулации повторно растат. 

Минатата сезона Goal.com извести дека Kovacic ќе се пресели во Англија, каде веројатно би играл за Manchester United. Во тој период, со неговото име се поврзуваа и клубови како Arsenal, Juventus и Bayern Munchen. 

Без разлика дали баш овие клубови сеуште го имаат во план потпишувањето на Хрватот, со своите досегашни достигнувања тој секако ќе привлече внимание од голем клуб. 

Игра и во централните позиции, а знае да се пресели и на било која од страните доколку тоа повеќе одговара за играта на тимот. Во 5 лигашки стартови оваа сезона тој има 2 асистенции, и продолжува да дава знаци дека се развива во еден од најдобрите плејмејкери во Европа. 

 

2. Julian Draxler – тој е еден од најмладите фудбалери во преродениот тим на Schalke и веќе се смета за еден од најголемите таленти во германската Bundesliga. Фудбалерот од средниот ред има само 6 натпревари за тимот на Schalke оваа сезона, а веќе постигна 5 голови и 4 асистенции во сите натпреварувања. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Со 19 години, Draxler веќе има 2 настапи за германската фудбалска репрезентација и е миленик на селекторот Joachim Low. Може да игра на сите позиции од средниот ред, како бек или да се придружува на нападот, првенствено по левата страна. 

Оваа година, Metro го најави Arsenal како главен конкурент за неговиот потпис, и иако трансферот не се случи ова лето, останува отворена можноста договорот да биде склучен во блиска иднина. 

 

1. Iker Muniain – Иако има само 19 години, Iker Muniain е еден од најдобрите фудбалери во Шпанија, а ова е големо достигнување кога ќе се земе во предвид талентот кој е достапен во најдобрата фудбалска нација во изминатите години. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За неговото заминување од Athletic Bilbao се говори веќе некое време, но се чини дека моментот е се поблиску со оглед на слабиот старт на Bilbao оваа сезона. Баскискиот клуб одлично ги држи своите најдобри фудбалери во изминатите неколку години, но се чини дека овогодинешната кампања ќе биде онаа кога веќе нема да имаат аргументи да ги натераат ѕвездите да останат. 

Неговиот агент, Jesus Medina, изјави за calciomercato.com дека ако сака некој да го купи Muniain, ќе треба да ја исплати клаузулата од 36 милиони евра напишана во неговиот договор. Најзаинтересирани за неговите услуги се Manchester United и Juventus. 

За волја на вистината, и Muniain, како и неговиот тим, не ужива баш најдобра сезона до сега, а тоа се покажува во неговата досегашна статистика од еден постигнат гол и една асистенција. Сепак, неуспехот на Bilbao би можел да биде успех за конкурентите, кои без сомнение нема да ја загубат вербата во еден од најпросперитетните фудбалери во светот. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

5те физички најдобро подготвени фудбалери во светот

 

5 легендарни голови во фудбалот

 

Местото на Ronaldo и Messi во историјата

 

Пронајдете не на следниве мрежи: