Платини: Хрватска и Србија имаат „СЕРИОЗЕН“ жолт картон, уште една грешка и следи дисквалификација

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, неколку пати ги ги предупредуваше Србија и Хрватска поради однесувањето на нивните навивачи, а сега е одлучен во намерата да остро се спротистави на овој проблем со неспортското однесување. Французинот им се закани со дисквалификација.

„Пред повеќе од година дена им дадовме сериозен жолт картон на Хрватска и Србија“ вели Платини.

„Вистина е дека ова е проблем што не загрижува“

„Посебно ќе дојдам на натпреварот и да видам што научија Хрватските и Српските власти околу тој проблем. Ако има пиротехника, навредливи транспаренти и расистички скандирања, ќе ги исфрлиме од квалификациите за Светското Првенство во Бразил“ заклучи Платини.

Инаку, Хрватска и Србија го играат меѓусебниот дуел на 22.03.2012, домаќин на овој натпревар ќе биде токму хрватската селекција и ова ќе биде тежок испит како за Хрватска, така и за Србија, бидејќи една грешка ќе ги чини дисквалификација.

Табела во нашата квалификациона група…

1.       Белгија 10 бодови

2.       Хрватска 10

3.       Србија 4

4.       Македонија 4

5.       Велс 3

6.       Шкотска 2

 

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Видео: Кристиано Роналдо и се пушташе на девојка од АУДИ

 

 

 

 

Видео: Анри му поништи гол на својот тим

 

 

 

 

Фото: Вардарците навиваа за Вардарките

Пронајдете не на следниве мрежи: