Генералот Ален може да е поврзан со скандалот со Петреус

Loading...

Американскиот секретар за одбрана, Леон Панета му предложи на претседателот Барак Обама да го одложи назначувањето на командантот на американските сили во Авганистан, Џон Ален на функцијата началник на сојузничките сили во Европа, поради сомневање за негова вмешаност во скандалот што доведе до оставка на директорот на CIA, Дејвид Петреус.

Поранешниот командант на американските сили во Авганистан, 59-годишниот генерал Дејвид Петреус минатата седмица си поднесе оставка на функцијата прв човек на американската централна разузнавачка агенција CIA поради љубовна афера со неговиот биограф, новинарката Пола Бродвел. Нивната врска беше предмет на истрага на американското федерално истражно биро FBI по жалбата од Џил Кели, која работела во една од американски воени бази и чие семејство било во пријателски врски со семејството Петреус, дека примила неколку заканувачки пораки од љубоморната Бордвел.
Како што пренесува Reuters, според информациите во американските медиуми, за време на истрагата на FBI дека генералот Џон Ален во периодот меѓу 2010 и 2012 година одржувал преписка со Џил Кели. Станува збор за преписка во обем од 20 до 30 илјади страници. Во моментов преписката ја проучуваат разузнавачките служби. Извори во Пентагон изјавија за медиумите дека засега истражителите немале информации за тоа дали генералот Ален во преписка со Кели можел да открие чувствителни информации.
Ален сé уште останува на позицијата командант на американските сили во Авганистан. Панета, како министер за одбрана, му предложи на американскиот Сенат за да го забрза разгледувањето на именувањето на оваа функција генерален Џозеф Данферд.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Оставка на директорот на ЦИА поради љубовна афера

Откриен идентитетот на жената која ја уништи кариерата на Петреус

Оставка на шефот на обезбедувањето на чешкиот претседател поради нападот со пластичен пиштол

loading...
Loading...