Што се случува со деактивирање на вашиот facebook профил

Loading...

 

Во денешно време, кога десет проценти од светската популација, а речиси педесет проценти од македонската популација ја користат социјалната мрежа Фејсбук, за многумина луда е само помислата од бришење на Фејсбук профилот.

 

Социјалната мрежа Фејсбук стана дел од секојдневниот живот, стана начин на живеење, начин на идентификација, место за глобално дружење и бизнис зделки.

Се обидов лично да се внесам во ова истражување, така што го деактивирав мојот Фејсбук профил, но… деактивацијата на профилот не траеше долго, за кратко време повторно го активирав и продолжив со „вообичаениот“ начин на живеење.

Што изгубив во „деактивираните“ денови? Најпрвин ја изгубив комуникацијата со пријателите, познаниците, колегите и сите оние кои се присутни на Фејсбук (а ги има многу), интернет комуникацијата ми беше отежната, па повеќе комуницирав со помош на мобилен (зголемена сметка за телефон) или интернет пошта (ретко кој ја отвара). Потоа, како новинар го изгубив брзиот и лесен пристап до глобални и локални информации, кои постојано циркулираат на социјалната мрежа, а се од исклучива важност за луѓето кои се занимаваат со оваа дејност. Го загубив фиктивниот идентитет, се почуствував отфрлен од средината, од пријателите… од самиот себе си. Исто така го загубив и тоа, драгоценото… губењето време во правење ништо.

Многу работи изгубив, но што добив? Па, добив слобода, слобода од затворениот простор на социјалната мрежа, од затвореноста во навидум бесконечната слобода на интернет просторот. Добив вистинска, искрејна комуникација со луѓето кои навистина ми се пријатели, колеги, познаници. Го добив вистинскиот идентитет, моето право его, го пренасочив непродуктивното „губење време во правење ништо“, во „губење време во правење нешто“, правење нешто на лице место, во реална ситуација и со реални, понекогаш и сурови моменти.

Фејсбукот е зависност, која е наметната од мнозинството, зависност на која не се гледа со презир, туку со возвишеност… Фејсбукот е порок од кој многу тешко се бега, а може да биде и поопасен и од останатите пороци, на кои се гледа со презир. Од друга страна пак, Фејсбукот е и позитивна завист, можете да правите нешта кои едноставно многу споро се случуваат во светот без Фејсбук.

Индивидуалната претстава за секое „нешто“, користено од општество со многу поединци е различна и дефинитивно субјективна. Според мене луѓето треба да престанат со користење на Фејсбук, а повеќе да се активираат во реалниот свет, додека за други тоа е нерационално и неприфатливо мислење. А вие? Што вие мислите?

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Facebook ве здебелува

 

Majчино млеко се продава на Facebook

 

Промени на Facebook – вака ќе изгледаат “вашите пријателства”

 

loading...
Loading...