Ибрахимовиќ повторно најдобар во Шведска

Loading...

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ е прогласен за најдобар шведски фудбалер, во изборот на националната фудбалска федерација.

На капитенот на репрезентацијата му припадна признанието за најдобар играч и за стрелец на најубавиот гол. Ибрахимовиќ шести пат последовно е прогласен за играч на годината во Шведска.
„Ова е доказ дека имав добра година и дека и понатаму ќе се развивам како играч. Се надевам дека овде ќе стојам и следната година“, рече Ибрахимовиќ на доделувањето на наградите во Стокхолм.
За најдобра фудбалерка на Шведска е прогласена Лота Шелин, додека поранешниот репрезентативец, Фредерик Љунберг ја доби наградата за животно дело.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Ибрахимовиќ влегува во историјата на Лигата на шампионите

Ибрахимовиќ: Просечниот Балотели, за просечната Барселона

На Ибрахимовиќ не му смета улогата на асистент

loading...
Loading...