Деко: Нејмар е спремен за Европа, игра на исто ниво како Меси и Роналдо

Дека Лионел Меси е најдобар во светот потврди и поранешниот португалски репрезентативец Деко, но исто така тој напоменува дека Кристиано Роналдо и бразилската ѕвезда Нејмар се исто така близу.

„Нема никакви сомневања во тоа дека Лео е моментално најдобриот фудбалер во светот. Тој прави неверојатни потези на теренот, а притоа и ги руши рекордите, така да нема што да се дискутира околу тоа прашање“ истакна поранешниот фудбалер на Барселона, Челзи и Порто во изјавата за „Еспортс КОПЕ“.

„Мислам дека Роналдо е скоро еднакво добар како и Меси, се зборува за двајца извонредни фудбалери, посебни секој на свој начин, тие се далеку пред сите останати“

„Прилично неверојатно е тоа што тој го прави во последно време, мислам дека можам да кажам дека тој во овој момент е на исто ниво како двајцата претходно споменати фудбалери, и верувам дека е спремен за преселба во Европа“ беше коментарот на Деко за Нејмар.

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Видео: Кристиано Роналдо и се пушташе на девојка од АУДИ

 

 

 

 

Видео: Анри му поништи гол на својот тим

 

 

 

 

Фото: Вардарците навиваа за Вардарките

Пронајдете не на следниве мрежи: