Еуро 2020, сепак далеку од Македонија

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, не се откажува од идејата 12 држави да бидат домаќини на Европското првенство во 2020 година.

„Платини ми го изнесе својот план и дополни дека тој во моментов се разгледува. Меѓутоа, ништо не може да биде направено додека тоа не го потврди Извршниот одбор“, изјави Тео Цванцигер, членот на ИО на УЕФА.
Досега единствено Турција има поднесено кандидатура за организација на ЕП во 2020 година, но Турците се соочуваат со проблем, бидејќи Истанбул е кандидат за организатор на Олимписките игри кои ќе се одржат истата година.
Идејата на Платини е на континеталните првенства во иднина да учествуваат 24 земји, што исто така треба допрва да биде ратификувано.
Цванцигер појасни дека, доколку идејата за 12 домаќини добие зелено светло, тогаш натпревари би се играле во земји чии репрезентации ќе изборат пласман на ЕП и кои се наоѓаат на високи позиции на листата на УЕФА.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Неофицијално: Идеата на Платини ќе се реализира, ќе има 12/13 организатори на ЕП, но меѓу кандидатите не е Македонија!?

Платини: Хрватска и Србија имаат „СЕРИОЗЕН“ жолт картон, уште една грешка и следи дисквалификација

Б-репрезентација на Македонија составена од играчи од домашниот шампионат

 

Пронајдете не на следниве мрежи: