Лавеци играл ПЕС со мафијашите

Аргентинскиот фудбалер Езекуел Лавеци даде интересна изјава за јавноста каде вели дека се дружел со мафијашите додека настапувал за тимот на Наполи бидејќи мислел дека они се навивачи на клубот.

Лавеци сведочеше на судењето против неколку италијански криминалци, меѓу кои беше и Антонио Ло Русо, чии татко бил шеф на еден мафијашки клан во тоа подрачје.

„Го познавав како еден од навивачите на Наполи и тој понекогаш доаѓаше во мојата куќа. Нема тука ништо чудно, бидејќи во Аргентина е вообичаено да играчите се дружат со навивачите. Ние дури игравме и на Плејстејшн“ изјави Лавеци додека го испитуваше тужителот Серџо Амато.

Меѓудругото, тој додаде…

„Кога играв натпревари во друг град, поради безбедност кај него ги оставав повредните работи, како на пример часовници и слично“ изјави Лавеци.

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Видео: Никој не славеше со Суарез за постигнатиот гол

 

 

 

 

Фото: Дориан Бабунски во дресот на Реал Мадрид

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Видео: Дурант го поздрави Валанчиунас, „ЗАКУЦА“ преку него!!!

Пронајдете не на следниве мрежи: