CERN сигурнo чекори кон научна фантастика

Loading...

Научниците од CERN неодамна објавија дека во својот Large Hadron Collider откриле честичка која со време мутира во две честички, а тоа би можело да биде пресудно во поместувањето на границите на физиката кон научната фантастика – пренесуваат научниците. 

Мутацијата која се случува еднаш во 300 милиони случаи ја предвидел таканаречениот Стандарден модел на физика, кој го објаснува функционирањето на вселената на најосновно ниво, но научниците до сега не ја воочиле. 

Ова откритие ќе ги насочи напорите за да се пронајдат докази за суперсиметрија, односно ќе ја поддржи теоријата SUSY, која објаснува одредени космички тајни и останати идеи од “новата физика” кои се вон границите на Стандардните методи. 

Научниците со понатамошна работа ќе дојдат до можни импликации за ова откритие, но едно нешто е лесно да се востанови – “Стандардниот модел преживеа уште еден тест” – напиша на својот блог американскиот физичар и член на CERN, Matt Strassier. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

ЦЕРН: Произведена температура 100.000 пати поголема од онаа во внатрешноста на Сонцето

 

Иднината е во очите-заборавете на далечинскиот управувач

 

Наметка за невидливост – конечно станува реалност

 

loading...
Loading...