Петреус ги криел „трагите“ од преписката со љубовница, по урнекот на Ал Каеда

Loading...

Поранешниот директор на американската разузнавачка агенција CIA, генералот Дејвид Петреус, кој минатата сабота поднесе оставка поради откривањето на неговата вонбрачна афера, за преписката со неговата љубовница користел ист метод како што користат атентаторите од Ал Каеда, пишува весникот The Telegraph.

Според весникот, кој не го открива изворот на информацијата, 59-годишниот генерал Дејвид Петреус и 40-годишната Пола Бордвел со којашто стапил во врска, која претходно беше негов биограф додека ја извршуваше должноста командант на силите на САД во Авганистан, имале достап до иста електронска адреса на сервисот Gmail. За пренос на информациите, тие си пишувале пораки а всушност без да ги испраќаат на други електронски адреси, зачувувајќи ги како недовршени (драфт). После тоа, вистинскиот примач може да ја прочита пораката и на ист начин да „испрати“ одговор.
Оваа технологија често се користи за да се избегне оставањето „траги“ на интернет, бидејќи испраќањето на порака на која и да е друга електронска адреса може да биде следена според IP-адресата. Како што е наведено во информацијата на The Telegraph, глобалната терористичка мрежа Ал Каеда ваков метод на внатрешна комуникација користи веќе неколку години.
Врската на генералот Петреус со неговата љубовница стана предмет на истрага од страна на американското федерално истражно биро FBI, по пријавата на 37-годишната Џил Кели од Тампа на Флорида, чиешто семејство е блиско со семејството Петреус, дека добивала заканувачки пораки на својата електронска пошта

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Оставка на директорот на ЦИА поради љубовна афера

Откриен идентитетот на жената која ја уништи кариерата на Петреус

Генералот Ален може да е поврзан со скандалот со Петреус

loading...
Loading...