Маж во вегетативна состојба комуницира со докторите преку МР

Loading...

По повеќе од 12 години од сообраќајна несреќа Канаѓанец кој настрадал и останал во вегетативна состојба, почнал да комуницира со докторите.

Во болницата се следи неговата состојба и мозочна активност преку Functional Magnetic Resonance Imaging (fMRI) скенови, или претставување на функцијата преку магнетна резонанца..
Како што јавува BBC 39-годишниот Скот Рутли бил во состојба да комуницира со докторите на кои им кажал дека не чувствува болка.
Ова е прв пат да се забележи свесна комуникација од човек кој долго време бил во вегетативна состојба со сериозни оштетувања на мозокот, а бил во состојба да даде конкретни и директни одговори кои се однесуваат на неговата нега и третман.
„Скот покажа дека неговиот мозок свесно размислува “, рече британската лекарка Адриан Овен за BBC. „Го скениравме неколкупати и патеката на неговата мозочна активност покажа дека свесно бира одговори на нашите прашања. Веруваме дека знае кој е и каде се наоѓа“.
Овен го води тимот на институтот  за мозок и свест на Универзитетот во Западен Онтарио, каде употребуваат магнетна резонанца за да ги следат одговорите на Рутли.
Традиционалните тестови покажале дека Рутли е во вегетативна состојба, без значајна мозочна активност.
Овен и другите доктори велат дека ова значи дека сите медицински книги ќе треба одново да се напишат кога се работи за евалуација на состојбата на пациентите кои претрпеле значително оштетување на мозокот.
Поранешниот невролог на Рутли која ја следел неговата состојба цела декада вели дека скеновите од мозокот на Рутли покажувале дека нема никаква ментална активност.
„Импресиониран сум и запрепастен од тоа што видов когнитивен одговор. Тој имаше клиничка слика на типичен вегетирачки пациент и не покажуваше спонтани движења кои би биле значајни“, вели доктор Брајан Јанг.
Според Овен,овие достигнувања може да доведат до подобрување на негата на пациенти кои претрпеле оштетување на мозокот, како што се прашања од типот дали пациентот сака да јаде или можеби сака да биде избањат.
Бидејќи fMRI скенерот не предизвикува радијација и со него лесно се управува, докторите може да ги користат за комуникација со пациентите редовно.

макфакс

loading...
Loading...