Била во брак 20 години, а не го знаела тоа

Кој вели дека браковите во Холивуд не траат долго? Еве еден пример. Stand-up комичарката Janeane Garofalo била во брак со продуцентот на серијата “The Big Bang Theory”, Rob Cohen, цели 20 години, а не го знаела тоа. 

Имено, тие се венчале во 1991 година под дејство на алкохол. Се венчале во drive-through капела додека биле во такси, мислејќи дека бракот кој го склучиле е само за забава и не е легално важечки. Но, згрешиле…

Податоци за нивниот 20-годишен брак испливале на површина во изминативе денови, кога Rob ја средувал документацијата за својата “вистинска” венчавка.

Адвокатот му ги кажал шокантните вести. Rob сака да се ожени со својата свршеничка Jill Leiderman, продуцентка на шоуто “Jimmy Kimmel Live”.

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Бракот на Arnold Schwarzenеgger со Maria Shriver полн со тајни и изневерувања

 

Дени Де Вито се разведува по 30 години брак

 

Пет долги холивудски бракови кои завршија со развод

 

Пронајдете не на следниве мрежи: