5те најдобри “глумци” во светскиот фудбал

Loading...

Некои луѓе во фудбалот го нарекуваат симулирањето “болест” која најмоќните луѓе во играта мораат да ја искоренат. Други го нарекуваат “форма на уметност” која само додава на ефектот на драма во најпопуларниот спорт на планетата.

Едно нешто е сигурно: и покрај сите напори, симулирањето се почесто се среќава во изминатиот период, и покрај тоа што јавноста постојано го насочува вниманието на судиите кон ваквиот проблем, и ги поттикнува да се постават построго. 

Но, како што научи Mark Clattenburg минатиот месец, страшни нешта можат да се случат кога судијата ќе донесе погрешна одлука.

Еве пример за 5 од најлошите (или најдобрите) симулатори во светскиот фудбал денес – сите се познати фудбалери. Не можеме да кажеме дека ова се дефинитивните 5, бидејќи во последно време конкуренцијата во овој поглед е страшно голема. 

 

5. Luis Suarez – Liverpool

Секој судија го поврзува Suarez со симулирање благодарение на неговата театралност во изминатите неколку сезони. Без сомнение станува збор за врвен фудбалер, но неговите контроверзни драматизации претставуваат темна сенка на неговите способности. 

Во изминатиот период Suarez постојано излегува со изјави дека судиите престанале да досудуваат прекршоци во негова корист, а ова секако се должи на неговата репутација. 

 

4. Gareth Bale – Tottenham Hotspurs

“Летечкиот Велшанец” се претвора во еден од најголемите глумци во светот. 

Гордоста на Велс е можеби еден од најталентираните фудбалери на својата генерација, но полека за неговото име се лепи и една карактеристика со која ниту еден фудбалер не би сакал да биде поврзуван. 

 

3. Neymar – Santos

Со голем талент доаѓа и голема одговорност. Ова Neymar сеуште не го сфатил сериозно. 

Велат дека тој е иднината на бразилскиот, па и светскиот фудбал, но се чини дека новата икона на Santos покрај Pele, ќе го наследи и Rivaldo, но не во играчките способности, туку во театралноста (некои веројатно се сеќаваат на потегот на Rivaldo на Светското Првенство во Кореа и Јапонија во 2002, во натпреварот против Турција).

 

2. Cristiano Ronaldo – Real Madrid

Иако поретко ги прави ваквите потези во последниот период, Cristiano Ronaldo секогаш ќе остане запаметен по симулирањето.

Тој е вистинска легенда во овој поглед. За оние кои сакаат да го научат овој “занает”, има снимки од ваквите негови театралности кои би траеле со часови. 

 

1. Sergio Busquets – Barcelona

Тешко е да се избере шампион во оваа категорија, но Sergio Busquets е вистински синоним за драма во фудбалот. Само впишете Sergio Busquets на YouTube – меѓу првите комбинации со неговото име е зборот “dive”. Во 2010 имаше еден особено неславен потег, во полуфиналето против тимот на Inter, кога благодарение на неговата дарба за глума Thiago Motta доби црвен картон, по што Inter мораше голем дел од натпреварот на пеколниот Camp Nou да го издржи со фудбалер помалку.

 

Како што рековме, конкуренцијата е голема, па можеби во истата класа би можеле да ги споменеме и Angel Di Maria (Real Madrid), Emmanuel Eboue (Arsenal), Ashley Young (Manchester United), Arjen Robben (Bayern Munchen), Pedro (Barcelona) и други. За ваквите фудбалери често се вели дека Холивуд ќе ги прими со отворени раце ако нешто тргне наопаку во нивните фудбалски кариери. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

5те физички најдобро подготвени фудбалери во светот

5 легендарни голови во фудбалот

5 тинејџери на радарот на најголемите фудбалски клубови

loading...
Loading...