Менаџерот на Снајдер демантира трансфер во Анжи

Менаџерот на фудбалерот на Интер Весли Снајдер, Сорен Лерби, ги демантираше гласините дека неговиот клиент ќе се пресели во редовите на рускиот Анжи. Договорот на Снајдер со Интер истекува во јуни 2015 година.

„Весли нема намера да оди во Анжи. Тоа се неточни шпекулации, не знам чии измислици се тоа. Можеби некој треба да го праша Анжи и нивниот тренер Гус Хидинк. Снајдер засега останува играч на Интер, тој добро се чувстува тука“, изјавил Лерби за италијанските медиуми.
Во досегашниот дел од сезоната Снајдер за Интер има одиграно само шест натпревари, на кои постигна два гола.
Медиумите, особено оние во Италија се повеќе шпекулираат со неговото заминување, а како најсериозен кандидат се споменува екипата на Манчестер Јунајтед.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Анжи за 40 млн. евра ќе го купува Видиќ

Карлос: Руни би можел да премине во Анжи

Реал го позајми Диара на руски Анжи

Пронајдете не на следниве мрежи: