Google: Владите сé повеќе ги надгледуваат своите граѓани

Комплицираниот скандал околу директорот на централната американска агенција за разузнавање CIA, генералот Дејвид Петреус, покажа колку лесно американската влада може да дојде до приватната електронската пошта на граѓаните, како и дека владиното надгледување на своите граѓани е во пораст, пишува во средата CNN.

Барањето на федералното американско истражно биро FBI за пристап на мрежата на глобалниот сервис Gmail до адресата на Пола Бродвел само е едно од речиси осумте илјади слични барања коишто компанијата Google ги примила од американската влада само во првата половина од 2012 година. Од Google во целост или делумно позитивно одговориле на 90 отсто од барањата.
Според последниот извештај на Google Transparency, компанијата Google примила вкупно 20.938 парања од влади од целиот свет во периодот од јануари до јуни 2012 година, коишто се однесуваат на контрола на приватна електронска пошта.
„Трендот е многу очигледен – надгледувањето на владите е во пораст“, вели Дороти Чоу, аналитичарка во Google.
Во сервисот на Google се складирани големи количества информации и лични податоци на адресите на електронската пошта и на сервисот Google Drive. Компанијата, исто така, ги има и IP-адресите на корисниците коишто може да се користат за одредување на нивната локација.
Владините агенции, исто така, многу често бараат и отстранување на јавни содржини од интернет ресурсот за размена на видео материјали YouTube или постови на Blogger.

Најревносни во ваквите барања, како што тврдат од Google, се американските армија, полиција и безбедносните служби.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: