Рикелме: Бока, ви требам? Повикајте ме!

Хуан Роман Рикелме е отворен за соработка со тимот на Бока Јуниорс, 34-годишниот офанзивен фудбалер изјави дека неговата авантура со овој тим не е завршена.

По поразот во финалето од Копа Либертадорес од Коринтианс минатото лето, Хуан Роман Рикелме објави дека го напушта тимот на Бока Јуниорс, клуб во кој ги направи првите фудбалски чекори во својата кариера.

„Сакам во четврток да одам на натпреварот против Њуелс Олд Бојс, инаку бев многу јасен во разговорот со претседателот, тренерот и соиграчите. Доколку им требам на Бока, ќе направам се што тие сакаат. Секогаш ќе бидам на располагање“ изјави Рикелме.

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Видео: Никој не славеше со Суарез за постигнатиот гол

 

 

 

 

Фото: Дориан Бабунски во дресот на Реал Мадрид

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Видео: Дурант го поздрави Валанчиунас, „ЗАКУЦА“ преку него!!!

Пронајдете не на следниве мрежи: