Евра: Манчестер Јунајтед секогаш ќе биде „ПОГОЛЕМ“ од Манчестер Сити

Францускиот репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, во пресрет на пријателскиот натпревар на својата селекција Франција и противничката селекција Италија, го прокоментира и ривалството на двете екипи од Манчестер.

Меѓу бројните пријателски средби кои се за денес на распоредот, еден од најпривлечните и најинтересните е секако дуелот меѓу селекциите на Италија и Франција. Француските медиуми посебно ги заинтересираше дуелот меѓу Патрис Евра и Марио Балотели.

„Марио го познавам многу добро, а што се однесува на ривалството меѓу Сити и Јунајтед, не сум сигурен дали тоа воопшто можеме да го наречеме ривалство, бидејќи секогаш бевме супериорни и поголем клуб. Без оглед на тоа што беа шампиони минатата сезона, тоа ништо не менуве“ изјави Патрис Евра.

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Видео: Никој не славеше со Суарез за постигнатиот гол

 

 

 

 

Фото: Дориан Бабунски во дресот на Реал Мадрид

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Видео: Дурант го поздрави Валанчиунас, „ЗАКУЦА“ преку него!!!

Пронајдете не на следниве мрежи: