Catherine Zeta Jones: Психички сум болна и не се срамам од тоа!

Loading...

Болеста на актерката, која некои едноставно ја нарекуваат тешка депресија, е откриена неодамна, а се манифестира со постојани промени во расположението.

Иако сите мислеа дека нејзиниот 68-годишен сопруг, Michael Douglas, кој до неодамна се бореше со карцином на грлото, тешко ќе се носи со тоа, 43-годишната дива на јавноста и откри сосема спротивни информации.

“По неговата болест, тешко ни беше да ја прифатиме и мојата. Но, јас веднаш проговорив за тоа и признав пред сите. Се чувствував олеснето, а и после тоа никој веќе не се распрашуваше за мојата состојба. Michael ми се посвети мене, а јас нему. Повторно се заљубивме.” – изјави мајката на 9-годишната Carys и 12-годишниот Dylan. 

“Ги попуштив вентилите и конечно започнав да живеам. Психички сум болна и не се срамам од тоа.” – искрено вели Zeta Jones која ако треба, поради болеста сама ќе отиде во институција. 

Рецептот за подобро расположение и полесно поднесување на оваа болест актерката го нашла во неколку работи. Но најважно од се, според неа, е потполно избегнување на интернет и разни артикли. 

“Ако одите на интернет, ќе се закопате пред време. Јас, на пример, читав само лоши вести и плачев. Бев неподнослива додека конечно не си реков – 'Доста е!' ” – вели таа, признавајќи дека за болеста проговорила за да ги дестигматизира менталните заболувања. 

 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс повторно ја докажуваат својата љубов!

 

“George Michael ќе умре од кокаин и алкохол – сеуште се дрогира!”

 

Adele не ни помислува да слабее!

 

loading...
Loading...