Кантона: Би сакал да го наследам Фергусон

Loading...

Легендата на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона, изјави дека еден ден би сакал да го наследи Алекс Фергусон на менаџерската функција.

Поранешниот француски репрезентативец, исто така истакна, дека би сакал Фергусон засекогаш да го предводи Јунајтед, но дека би прифатил еден ден да се врати во клубот. Кантона во моментов работи со Њујорк Космос.
„Јунајтед е нешто посебно, секако дека би сакал да се вратам. Сега сум во Њујорк, но доколку еден ден се укаже шанса, зошто да не ?“, рекол Кантона.
Легендарниот играч истакна дека му е особено драго што зазема посебно место меѓу фановите на ‘црвените ѓаволи’, но и дека му се восхитува на Фергусон под чие водство ги оствари најголемите успеси во кариерата.
„Алекс Фергусон е млад, има многу енергија, љубов кон играта и може да даде уште многу. Сакам да го гледам Јунајтед како победува. Тој е победник и поради тоа освоил толку трофеји. Неверојатно кај него е што на секој натпревар му приоѓа како да му е прв во кариерата“, нагласи Кантона.
Поранешниот француски репрезентативец истакна дека покрај на Фергусон им се восхитува и на поранешните соиграчи Рајан Гигс и Пол Сколс, кои сеуште се активни и дека воопшто не жали што во 1997 година ја прекинал кариерата.
„Гигс и Сколс различни од мене. Кога имав 20 години говорев дека кога ќе ја загубам страста кон играта ќе се повлечам и ќе работам нешто друго. Тие двајца и понатаму играат и тоа е добро. Би сакал и јас да ја имав таа страст, но јас ја загубив и поради тоа се повлеков“, заврши Кантона.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Ирскиот режисер Кен Лоуч доби награда “Limijer””

Фергусон го загуби трпението ќе го продава Андерсон

Фергусон: Требаше со „петарда“ да ги победиме Арсенал, наредниот пат јас ќе шутирам пенал!!!

loading...
Loading...