Барса подолго време без Санчез

Loading...

Напаѓачот на Барселона, Алексис Санчез, поради повреда од фудбалските терени ќе отсуствува најмалку четири недели.

Репрезентативецот на Чиле, на пријателскиот натпревар кој неговата репрезентација го одигра против Србија, во средата навечер, ги истегнал лигаментите на десното стапало.
Санчез ќе ги пропушти натпреварите во лигата на шампиони против Спартак во Москва и Бенфика, како и дербито против Атлетико Мадрид во домашното првенство.
Алексис Санчез, во Барселона се пресели во 2011 година од Удинезе за сума од 26 милиони евра. Поради честите повреди тој за Барса има одиграно само 33 натпревари, на кои постигнал 12 погодоци.

Макфакс

loading...
Loading...