Фабрегас навива за Реал

Цеск Фабрегас тврди дека победите на Реал Мадрид им даваат мотив на фудбалерите на Барселона.

Играчот од средината на теренот на екипата на Барселона, Цеск Фабрегас, истакна дека тој и неговите соиграчи едноставно уживаат во победите на Реал Мадрид, бидејќи тоа ги мотивирало да играат уште подобро за својот тим, па додаде дека му е чест што го има Меси за соиграч во својот тим.

„Секогаш сакаме Реал да победи, тоа нас не тера да одиграме уште подобро. Од таа причина, ние мораме да бележиме победи на сите натпревари до крајот на сезоната доколку сакаме да ја освоиме титулата“ вели Фабрегас.

„Секогаш е лесно да се најде заеднички јазик со Меси, секогаш може да се одигра дупли пас со него. Чест е за мене и за останатите играчи на овој тим што сме во иста екипа со фудбалер како што е Лионел Меси“ беше коментарот на Фабрегас.

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Фото: Како хрватот Карловиќ му честиташе на Џоковиќ

 

 

 

 

Шокантно: Меси му удрил „шлаканица“ на Виља?!

 

 

 

 

Пачовски одбрани пенал, Јаховиќ со одлично деби, прв гол за Тасевски, Блажевски се наметнува, Ибра во „СВОЈ СТИЛ“… СЛОВЕНИЈА ПАДНА!!!

 

 

 

 

Федерер: Наскоро нема да има разлика меѓу терените на трева и земја

 

 

 

 

 

 

Лавеци играл ПЕС со мафијашите

Пронајдете не на следниве мрежи: