ФИФА: Ибрахимовиќ задоцни седум часа

Светската фудбалска федерација соопшти дека феноменалниот гол на Златан Ибрахимовиќ на дуелот со Англија нема да биде сместен меѓу кандидатите за најубав гол за 2012 година бидејќи списокот на кандидати беше заклучен неколку часа пред неверојатниот гол на швеѓанецот.

Од Цирих пристигнаа разочарувачки вести за Ибрахимовиќ и сите оние љубители на фудбалот кои беа убедени дека неговиот синоќешен погодок на мечот со Англија без никакви дилеми беше најдобриот за тековната година.

Проблемот е во тоа што комитетот го одбра најдобриот список на кандидати заклучно со среда 14-ти ноември во 15,00 часот по средноевропско време, додека Ибрахимовиќ голот го постигна отприлика седум часови потоа.

„Имајќи во предвид дека селектирањето на кандидатите за најдобар погодок во тековната година е веќе направен, голот на Ибрахимовиќ нема да може да биде додаден во оваа конкуренција за добивање на наградата „Пушкаш“ стои во соопштението на ФИФА.

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Фудбалерот на Арсенал Сеад Хајровиќ во интервју за „Пулс24“: Сеуште имам време да размислам за Македонија!!!

 

 

 

 

 

 

 

Видео: Гол на сите времиња… Ибра-кадабра ја „СРУШИ“ Англија!!!

 

 

 

 

Фото: Тоа не е чудо, тоа е новиот миленик на македонската публика… АГИМ ИБРАИМИ!!!

 

 

 

 

 

 

 

Анализа: Одличната игра крунисана со три голови, „ОВА Е ПОБЕДНИЧКИОТ ТИМ“!!!

Пронајдете не на следниве мрежи: