Снаата пристигнува; Андријана Лима во Белград

Заносната српска снаа Андријана Лима (31) изјави дека наскоро ќе го посети Белград, заедно со нејзиниот сопруч Марко Јариќ и двете ќеркички.

 

Андријана и Марко ги имаат двете ќеркички Валентина која има две ипол години и Сиена која има само три месеци, а кои никогаш не ги посетиле нивните баба и дедо во Белград. Гласините беа дека всушност Андријана не сака да ја посети српската престолнина, но тоа таа наскоро ќе го негира на вистински начин.

Таа изјави на последното Victoria`s secret show дека се припрема за посета на Белград.

 

Таа до сега го има посетено Белград само еднаш, во мај во 2009 кога заедно со Марко беа на свадбата на кошаркарот Дарко Милиќ.

 

Овој пар се забавуваше од 2006, а во 2009 на Денот на Заљубените тие се венчаа во Jackson Hole во државата Вајоминг.

 

Погледнете ги и следниве статии:

Андријана Лима блескаше на Victoria`s secret шоуто

 

Фото: Андријана Лима со модринки

 

Андријана Лима, атрактивно „ангелче“

 

Пронајдете не на следниве мрежи: