Северина во елегантно издание

Навикнати сме често да ја гледаме Северина со минмална облека на себе и со тоа да го истакнува својот сексипил и убавина. Но пред два дена, на отворањето на модното ателје на Александра Дојчиновиќ во Загреб, Севе се појави во долг фустан во темно зелена боја, во кој ги занеме сите присутни.

Фустанот во прв план ги истакнуваше нејзините атрибути и одличната линија што пејачката брзо ја врати по раѓањето на нејзинитот син во фебруари годинава. Северина важи за голем обожавател на креациите на Александра и нејзиното присуство на овој настап воопшто не беше ставено под знак прашалник. Александра креира и посебна линија фустани за трудници, па Северина минатаа година често се појавуваше во јавноста облечена во креации од токму од неа. 

Иако на отворањето на модното ателје присуствуваа голем број хрватски ѕвезди; актери, музичари, модели, манекенки, политичари, Северина дефинитивно го собра најголемото внимание.

 

Поврзани статии:

Северина – слободна и секси во црн фустан

 

 

 

 

 

Северина во проѕирна блуза

 

 

 

 

 

 

 

Милан Поповиќ има нова девојка која личи на Северина

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: