Вукчевиќ се разбудил од кома

Loading...

Фудбалерот на Хофенхајм, Борис Вукчевиќ, кој беше тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случи пред еден месец, се разбудил од кома.

„Да го започнеме денот со добри вести. Борис се разбуди од кома и во моментов разговара со семејството. Сепак, поради повредите неговото закрепнување ќе трае подолго време“, стои на службената ‘Facebook’ страница на Хофенхајм.
Спортскиот директор на Хофехајм, Андреас Мелер, порача дека клубот ќе му ги овозможи најдобрите услови за рехабилитација, за Вукчевиќ што побрзо да се врати на теренот.
„Пресреќни сме што Борис се разбуди од кома. Меѓутоа, знаеме дека долг е патот до целосно закрепнување“, изјавила за ‘Bild’ мајката на Вукчевиќ, Соња.

Макфакс

loading...
Loading...