7 знаци дека се вљубивте во недофатлив фраер

Сите знаеме колку може да боли кога страдаме за некој на кој сме му на последно место на списокот на приоритети. Некои момци ќе ве уверат дека сте им важни, и покрај тоа што ова не е вистина. Никој не сака да губи време со вакви “фраери“.
За да не влезете во оваа стапица, еве како да ги препознаете на време:
1. Тој упорно ви продава приказна дека не е подготвен за ништо сериозно. Вели дека не сака врска, но сепак ви се јавува, па мислите дека можеби сака нешто подлабоко. Се надевате дека ќе се смени, но дефинитивно треба да го слушате кога ќе рече дека не сака сериозна врска.
2. Зад него има лоша врска. Не очекувајте дека ќе се согласи на сериозна врска ако вие сте му прва девојка после лошата врска.


3. Иако е излезен со вас, цело време ги гледа другите жени. Едно е да се забележи убава личност, но тој дефинитивно не е подготвен за врска ако постојано ги гледа другите жени додека е со вас.
4. Не сте му особено важни, а истото го покажува со своето однесување. Разбираме, има стресна работа што му одзема многу време, но ако инсистира да поминува секој викенд со другарите, а со вас излегува само „кога ќе најде време“, тоа не е во ред.
5. Не ве запознал со блиските пријатели. Се гледате редовно, неколку месеци, но тој постојано „заборава“да ве покани кога ќе излезе со своите пријатели. Ако ова се случува често, тоа не е случајна грешка – тој едноставно не е подготвен да ве внесе во својот живот.
6. Не се обврзува на ништо. Секој понекогаш мора да откаже договор или да доцни, но ова станува проблем ако истото стане навика.
7. Испраќа нејасни сигнали. Зборува за брак и деца, па претпоставувавте дека е подготвен за сериозна врска, но потоа почнува да ве избегнува. Што значи тоа? Тоа значи дека е загреан за вас, само заради непосредната возбуда на ловот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.