Серена Мец, мајката на четиригодишното момче Макс, објави видео од својот син, не сфаќајќи дека тоа ќе достигне до седум милиони луѓе.
Корисниците на TikTok беа воодушевени кога видоа што момчето посака за својот роденден . ескалатор.
За да му ја исполни желбата, Серена отишла во трговскиот центар со својот син. Се возеле горе-долу некое време, и сите забележале дека Макс се свртел кон Серена и се насмевнал. Многумина истакнале дека момчето проверува дали неговата мајка се забавува исто како него.
„Какво мало слатко, цел ден би се возела по скалите со нив“, „Додека некои деца сакаат најскапи можни подароци, тој само сакаше да вози“, „Јас дури и не те познавам, а се расплакав кога видов колку е среќен“, „Треба да го однесеш некаде со многу ескалатори за да може да ужива како што заслужува“, се само некои од коментарите.
The post 7 милиони луѓе возбудуваат за видеото од мајка и син: Желбата за роденден на момчето го расплака целиот свет! appeared first on Во Центар.



