7 (не)познати карактеристики за личностите родени во септември

Личностите родени во септември имаат неколку заеднички карактеристики, а во продолжение прочитајте ги најинтересните од нив.
1. Најчесто се запишуваат во елитни училишта
Според истражувањата, луѓето родени во септември многу брзо се развиваат во раното детство. Исто така, 20% од нив имаат шанса да учат во некои од најелитните факултети ширум светот.
2. Се раѓаат како ситни бебиња
Септемвриските деца многу често се раѓаат со мала тежина.
3. Тие се повисоки од останатите
Ако ги споредите со родените во пролетните и зимските месеци, личностите родени во септември во просек се повисоки. Една од причините поради која се случува ова е фактот дека мајката е изложена на повеќе витамин Д во последните месеци од бременоста.


4. Тие се талентирани за спорт
Септемвриските деца имаат физички предиспозиции и талент да се бават со спорт, па затоа и голем дел од нив се познати спортисти.
5. Тие се поотпорни на астма
Истражувањата покажале дека луѓето родени во септември често се алергични на јајца, кикиритки и млеко. Но, тие исто така се и поотпорни на астма.
6. Голем дел од нив доживуваат стоти роденден
Луѓето родени во септември често живеат и подолго од 100 години. Тоа го потврдила и студијата која била спроведена на 1.500 стогодишници од страна на Универзитетот во Чикаго. Една од причините е тоа што веднаш по раѓањето биле изложени на разни сезонски инфекции што го зајакнуваат имунитетот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.