7 правила што треба да ги следите кога ја напуштате хотелската соба

Луѓето што патуваат најмногу, во просек годишно поминуваат 88 ноќевања во хотел. Хотелите ширум светот прават сè што можат за гостите да се чувствуваат како дома. Сепак, многу луѓе не сфаќаат дека плаќањето хотелска соба не значи да не треба да се грижат за предметите во собата. Следете ги овие правила пред да ја напуштите хотелската соба.
1. Не диплете ги валканите крпи


Работниците во хотелот велат дека вистинскиот начин да ги оставите користените крпи е да ги соберете на некое специфично место, на пример на подот во бања, а тоа ќе им овозможи полесно да ги соберат за перење. Не диплете ги и не оставајте ги на полицата затоа што вработените нема да знаат дали крпите се користени или не.
2. Немојте да го местите креветот


Би било љубезно да направите основно чистење пред да ја напуштите хотелската соба, како собирање на вашата коса од одводот или чистење на телесните течности од различни површини. Можеби ќе ве изненади, но некои луѓе не го чистат дури ни тоалетот откако го искористат. Како и да е, апсолутно нема потреба да го местите креветот затоа што вработените во хотелот ќе мора да го растурат.
3. Оставете бакшиш


Бакшишот е многу ценет во услужната индустрија бидејќи платите обично се ниски, а работата што ја работат е доста тешка. Затоа, важно е да не заборавите да им се заблагодарите на луѓето што ви овозможиле удобен престој. Но, можеби вашата соба ја чистат различни луѓе секој ден, па треба да оставате бакшиш секој ден, а не само пред да си заминете.
4. Соберете го ѓубрето


Не оставајте ѓубре насекаде, туку во корпата за ѓубре. На вработените ќе им биде потребно многу време за да ги соберат сите користени шишиња и кутии од целата соба. Ако имате многу ѓубре, можете да побарате пластична кеса за да го соберете целото ѓубре.
5. Отворете ги прозорците за да се проветри просторијата


Вработените треба да ги исчистат собите многу брзо за да можат другите гости да бидат сместени и не е секогаш лесно да се проветри просторот. Ќе им направите голема услуга со тоа што ќе ги оставите прозорците отворени за да се освежи просторијата. Во топлите месеци од годината, можете дури и да ја вклучите климата.
6. Наредете ги мебелот и сите додатоци како што беа кога пристигнавте


Далечинскиот управувач треба да го оставите до телевизорот, приборот за јадење на масата и столчиња на своето место. Вработените има околу 20-30 минути за да ја направат просторијата да изгледа совршено, така што ако овие работи се на своето место, тоа навистина ќе им ја олесни работата.
7. Не користете нешто што не ви треба


Ако патувате сами, а сте сместени во соба со 2 кревети, не користете ги двата. Доволен ви е еден кревет и на тој начин нема да им ја отежнувате работата на вработените. Исто така, ова се однесува на сè друго што може да остане недопрено.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.