7-ца на Лото од 11.500.000 денари падна во Кичево кај среќниот Зоран Митаноски!

Играчите на Лото во Кичево не можат да се пожалат на лошата среќа, бидејќи за неполн месец главната награда на Лото ја добива граѓанин на Кичево. Во последното коло среќниот добитник ја освои наградата од 11.500.000 денари и допрва му претстои да планира за што ќе ги потроши парите.
Вака високи добивки во Кичево се случуваат по половина век, кога жител на овој град бил добитник на највисоката награда на лотаријата на поранешната држава. Последните големи награди ги поттикнаа жителите на Кичево, почесто да ги посетуваат уплатните места за и нив да ги послужи среќата како нивните сограѓани последниов месец, рекоа вработените во една трафика во градот под Илиница, каде што актуелна тема се високите награди на Лото.
Зоран Митаноски од Кичево е новиот добитник на премија од играта на среќа Лото 7. Добивката од 44-тото коло на Лото 7 изнесува околу 200.000 евра, соопшти Државна лотарија.
Тој е добитник на втората седмица на Лото 7 и 23-та од почеток на приредување на лото игрите од страна на Државна лотарија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.